Шахпаска: Со изградбата на нова градинка во Разловци покажуваме дека се грижиме за секое дете во било кој дел од државата

При крај изградбата на новата детска градинка во село Разловци. При извршениот увид во градежните работи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска која ја посети информираше дека објектот кој е изграден со средства од министерството е биде наенет за деца на возраст од 2 до 6 години.

-Градинката се наоѓа во финална фаза, објектот е реконструриран со средства од 4 милиони денари обезбедени од МТСП, има капацитет за 20 деца на возраст од 2-6 години. Не е голем бројот на дечиња, меѓутоа пораката која сакаме да ја испратиме е дека ние се грижиме за секое дете. За нас подеднакво важно е детето што живее во Скопје и детето што живее во Штип, меѓутоа и детето што живее во Разловци. Како Влада сериозно работиме за зголемување на опфатот на деца во установи односно деткси градинки или центри за ран детски развој, рече Шахпаска.

Во изминатиот период за нецели 9 месеци, оваа како што додаде министерката Шахпаска е 12-та градинка што МТСП ја става во функција.

-Бројот на дечиња е повеќе од 700, зголемен е опфатот меѓутоа до крајот на годината уште 13 детски градинки со опфат од околу 1400 дечиња ќе бидат отворени. продолжуваме да инвестираме не само во децата, туку и во вработените во градинките, затоа што кога имате мотивирани, стручни и компетентни наставници за предучилишно образование тие ќе создаваат способни генерации на деца и ќе продолжат понатаму во процесот на образование, додаде Шахпаска посакувајки им на вработените што поскоро градинката  стават градинката во функција, а на дечињата и останатите им посака добро здравје порачувајки дека како министер секогаш ќе биде тука да одговори на барањата на граѓаните.

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски дополни дека создава нов квалитет на живот кога станува збор за згрижувањето на децата од раната детска возраст.

-Во наредниот период овде ќе бидат примени и првите дечиња. Со тоа покажуваме дека инвестираме во раниот детски развој, но исто така создаваме и современи услови за згрижување и воспитување на децата до 6 годишна возраст. Како градоначалник можам да кажам дека ова е прв пат да биде отворено градинка во рурална средина. Овде има фабрика и луѓе кои гравитираат и од други општини и затоа сметаме дека гардинката е од огромен бенефит за родителите кои ќе знаат дцека додека се на работа децата се на сигурно преку посветување на воспитна програма соодветна за нивната возраст, додаде Трајковски.

Шахпаска во Разловци присуствуваше и на одбележувањето на 145 годишнината од Раловечкото востание во рамки на централниот настан „Делчево го чествува аманетот“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*