Размена на искуства помеѓу библиотеките од Делчево и Тетово

Библиотекари од библиотеката “Max van der Stoel” при Универзитетот на Југоисточна Европа-Тетово денес ја посетија Јавната локална библиотека „Илинден“. Директорката Биљана Петровска информираше дека станува збор за прва посета на библиотекари од Универзитетот на Југоисточна Европа на библиотеката во Делчево.

-Разговаравме за улогата и местото на библиотеката во денешно време и нејзината улога во општественото живеење, сега и во иднина. Договоривме активности и реализација на проекти меѓу двете библиотеки. Искрено се надеваме дека соработката ќе продолжи и понатаму,и дека ова не е наша последна средба. Убаво е да се дружиме, соработуваме, надградуваме,да ги прошируваме видиците, и прифакаме предизвиците, рече Петровски.

Еве неколку фотографии од денешната посета:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*