Жителите на Разловци радосни, но и „скептични“ околу санирањето на кровот на Спомен домот на Разловечкото востание

Жителите на Разловци радосни, но и „скептични“ околу довршувањето на санацијата на кровот на Спомен домот на Разловечкото востание чии градежни работи започнаа. Велат дека е добро што се започнала санацијата, но и додадоа дека и порано се почнувало, но никако да се дојде до финално завршување на работите.

-Од кај да знам дали ќе завршат, работат има работници на објектот, но ќе видиме. Чекаме одамна да се заврши. Во меѓувреме гости доаѓаат и има што да видат, само „црна книга“ имаше поставено досега на кровот. Сега го прават, но само ако го „учовечат“, ќе заличи и ќе биде подобро, велат жители на Разловци.

Санацијата на кровот додека не ја видам направена со свои очи, не верувам дека ќе се направи. Засега изгледа распаднато, а ако го направат, тогаш ќе поверувам, додава друг жител на селото.

Додаде дека кој мисли да ја држи власта, треба да го среди патот и да се завршат Спомен домот, во спротивно никој не треба да очекува поддршка од жителите.

-Патот го нема никаде, горе над селото мостот исто треба да се направи, не можат да поминат по реката жителите. Се ни е потребно. Порака упатуваме да си преземат тоа што треба тие што мислат да владеат, а многу, многу вработување и не очекуваме, дециден е еден од анкетираните Разловчани.

Во моментот во селото Разловци главна гранка е земјоделство и сточарство. Селото брои од 500 до 600 жители, од кои вработување најмногу има за жените кои нашле егзистеницја во приватна текстилна конфекција која и покрај кризата наметната од здравствената пандемија успеа да оддолее на предизивиците и да обезбеди приход за вработените.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*