ЖКК ,,Баскет Кам” го освоија шампионатот на Македонија обединувајки го со Куп титулата

Кошаркарките на ,,Баскет Кам” од М.Каменица ја обединија титулата која пред две недели ја освоија во Женскиот кошаркарски Куп и за прв пат во својата историја го освоија и шампионскиот трофеј во првенството во женска кошарка. Каменичанки во финалето по трет пат славеа против екипата на Бадел, овојпат убедливо со 86:66 за финална победа од 3:1 во завршните плеј-оф натпревари.

Најефикасен поефинец на натпреварот беше Анџелика Митрашиновиќ која својата добра игра ја круниса со 24 поени, 10 асистенции и 9 скока, поради што заслужено беше прогласена и за МВП на натпреварот.

Плеј-оф натпреварите екипата на Бадел 1862 ги започна со победа во првиот натпревар, но во преостанатите три натпревари, кошаркарките на освојувачот на Купот, – ЖКК ,,Баскет Кам” го покажаа сиот свој потенцијал и набрзина со три победи ја обединија круната, со што за прв пат во својата не толку долга историја испишаа моменти кои долго ќе ги паметат љубителите на спортот од М.Каменица.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*