Највисоката точка на Малешевските планини „освоена“ од членови на ПСК „Голак“

Членови на Планинарскиот-спортски клуб ,,Голак” од Делчево ја искачија највисоката точка на Малешевските планини. Вкупната тура до врвот ,,Џама Тепе” како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски изнесувала 17 километри.

 -Со нашите членови реализиравме една кружна планинарска тура за искачување на Илов врв (Џама Тепе) кој се наоѓа на 1803 метри надморска висина и е највисок врв на Малешевските планини. Врвот е малку познат и малку искачуван, па ние како единствен лиценциран планинарски клуб во крајниот источен дел на државата, често го искачуваме и презентираме пред планинарите во државата, рече Чучуковски.

Кружната планинарска тура започнала од излетничкото место Равна Река која како што додаде претседателот на клубот била и крајна дестинација по враќањето од Џами Тепе.

 -Започнавме значи од Равна Река на 1117 метри надморска висина и продолживме низ живописни предели, при што ги поминавме Чалмачица (Мали Требомир), потоа месноста Преслап, реката Равна Река Равна, поминавме низ Зекова Чука, Ајдучки Кладенец кој е извор на Равна Река. По искачувањето на Илов Врв се вративме повторно назад кај почетното место ма поаѓање, додаде Чучуковски.

На врвот како што дополнија од делчевскиот клуб се сретнале со свои членови од Софија – Р.Бугарија, со кои повеќе години имаат заедничка дружба.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*