Излезе новиот спот во режија на Андреј Миске

Излезе новиот спот во режија на Андреј Миске кој се реализира во соработка со младите и надежни Матеј Петревски и Бојан Китановски – Ките.

Главни ѕвезди во спотот се Hassan x Matee x Miske & Fabo, песната носи наслов Good Criminal, а е снимен на повеќе локации под планинскиот масив Алпи. Во реализацијата на спотот учествуваа и актери од Турција, Германија и Македонија.

Миске преку delcevo365.mk упати голема благодарност до Haşim Kurt и Hediye Milankovič и Горан Китановски за нивната поддршка во реализацијата на целата идеја.

Во продолжение премиерно го слушаме Good Criminal, нумера испеана на повеќе јазици, меѓу нив секако и на македонски:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*