Еко-акција „Со срце за Голак” по повод Светскиот ден на животната средина

По повод Светскиот денот на животната средина за в сабота 5 Јуни во Делчево е закажана екоакција за чистење на дивите депонии создавани по патот кон Голак, во подножјето на планината.

-Годинешното мото „Со срце за Голак“ и со цел да се даде индивидуален придонес за да се исчисти од ѓубрето нашата планинаска убавица, Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани граѓани, институции, здруженија на граѓани да се вклучат во акцијата во која активно учество ќе земат и вработените во Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“, истакнаа организаторите.

Чистењето на дивите депонии ќе се изведува на 5 локации кои се претходно мапирани од стручните лица од Општина Делчево и членови на Невладината организација Локален младински совет и тоа локации на патниот правец Делчево-Голак од левата и десната страна над манастирскиот комплекс „Света Богородица Балаклија“.

Потребните средства и материјали се обезбедени од Општина Делчево и фирмата „Брегал“ од Делчево, а превозот е организиран од Општина Делчево.  Тргнувањето за Голак е на 5 јуни во 9,00 ч на паркингот пред Спомен-домот АСНОМ.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*