Црвен крст Делчево успешно одговара на предизвикот за обезбедување доволен број крвни единици во време на пандемија

Во време на пандемијата Делчево успешно се справува и одговара на предизвикот да се обезбедат доволен број крвни единици на кои што им е потребна. Трансфузиологот Виолета Ѓорѓевска од службата за трансфузиологија при Здравствениот дом „Гоце Делчев“ од Делчево информираше дека досега реализираниот план на Општинската организација на Црвен крст Делчево е 388 крвни единици.

-Годишниот план за Општина Делчево е 730 крвни единици, а тоа значи дека реализираниот план е 53 проценти. Поради големиот одзив во првите 6 месеци упатувам голема благодарност до крводарителите и сите субјекти кои учествуваат во успешно спроведување на крводарителските акции, рече Ѓорѓевска.

Додаде дека во рамки на крводарителските акции во време на пандемија се запазуваат сите мерки за заштита на медицинскиот персонал и крводарителите, со што процесот на крводарување е во целост безбеден

Во рамки на денешната крводарителска акција, како што додаде Ивана Ангеловски од Општинската организација на Црвен крст Делчево беа собрани 56 крвни единици.

-Одзивот е одличен денес, ова е вкупно 9 акција во организација на Црвен крст Делчево, една имавме во Македонска Каменица и една во соработка со МВР Делчево. Апелирам во рамки на наредните акции да се приклучат што поголем број млади луѓе, со цел да се спасат што поголем број човечки животи, рече Ангеловски.

По повод Светскиот ден на кводарителите како што додаде Ангеловски, Црвен крст Делчево планира пригодна свеченост на која ќе бидат доделени награди и признанија за крводарителите со 25, 50 и 75 дарувања. 

Денешната акција Црвен крст Делчево ја спроведе во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и службата за трансфузиологија од Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*