Промоција на делото „Безобразно голем“ од авторката Ленче Стоименова во Делчево

Во Делчево се одржа промоција на делото „Безобразно голем“ од авторката Ленче Стоименова од Кочани. Делото како што информираше авторката содржи 31 карикатура посветена на македонскиот и светски познат сатиричар Миле Ѓорѓијоски.

-Оваа книга се подготвува подолго време, би рекла со години. Прво почнав да подготвувам одредена карикатура за некој повод, па потоа се редеа и многу други карикатури во овој би рекла албум на карикатури во кои ќе го најдете Ѓорѓијоски во најразлични згоди и незгоди, обични, политички и какви не сакате или вкупно 32 кариактури во боја, рече Стоименова.

Со оваа книга Стоименова заокружува опус од 10 авторски книги, а во голем број останати книги како што додаде самата се јавува и како ко-автор.

Миле Ѓорѓијоски или „екселенција сатира“ како што е познат во афористичарските кругови е пријатно изненаден од тоа што некој од колегите од Македонија го цени она што тој го направил за литературата и го сместил во вакво издание.

-Би требало да заплачам, но не сум плачко напротив ми е „ќеиф“ за книгата. Иако очекував да се сними некој филм за мене и да конкурирам за Оскар, сепак без разлика на мојата иронија, сум пријатно изненаден што постојат луѓе во Македонија што го ценат колегијалното и она што го создаваме. Се надевам дека ќе има уште многу вакви книги од самата авторка, рече Ѓорѓијоски.

Настанот се одржа во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ од Делчево со почитување на протоколите за организирање настани во време на пандемија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*