Во Делчево отворена изложба од уметникот Љубе Алексовски

Во организација на Националната установа Центар за култура „Никола Јонков – Вапцаров“ во Делчево отворена изложбата со работен наслов „Инсталација ретроспектива“ на која со свои дела Дримколски бисер и Дримколска срма се претставува професорот по ликовна уметност Љубе Алексовски. И покрај строгите услови кои ги наметнуваат протоколите за организирање културни настани, Алексовски истакна  дека во Делчево доаѓа по неколкуте реализирани изложби во повеќе градови во Македонија.

-Пандемијата малку олабави, маските ги симнавме, но јас сепак направив неколку изложби во Кичево, Куманово, Скопје и еве денес во Делчево. Сакам во Делчево да пренесам дел од струшкото поднебје, од областа Дримкол, преку моите дела да пренесам дел од народната носија. Главен момент во мојата работа е алтернативна фотографија. Тоа произлегува од еден вид сечење, лепење, пуштање на телефакс на принтер и тој сам ќе си даде некој форма. Потоа ги колажирам, за да си покажам некој мој внатрешен порив, рече Алексовски.

Овој циклус прикажан пред делчевската публика, како што додава авторот е негов своевиден јубилеј, бидејки датира од пред 40 години.

Директорот на делчевскиот центар за култура Методи Толевски очекува дека делата на Алексовски ќе бидат одлично прифатени во повеќето градови во истокот каде ќе бидат изложени.

-Центарот за култура се нафати да ја организира оваа изложба на професорот по ликовна уметност во пензија и мило ми е што имав можност овие два дена да се дружам со него. Се надевам дека ова пријателство ќе продолжи помеѓу нас и сигурен сум дека тој со своите дела ќе си го најде своето место помеѓу љубителите на уметноста и во Делечво и во Македонска Каменица и во Виница, рече Толевски.

Настанот се организираше со почитување на протоколите за организирање културни настани пропишани од Министерството за здравство.

Во продолжение изјавите на авторот на изложбата и директорот на НУЦК „Н.Ј.Вапцаров“, Методи Толевски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*