Делчево домаќин на 19-тата Регионална музичка ревија на пензионери

Во Делчево се одржа 19-тата Регионална музичка ревија на пензионери. Организатор на културната манифестација како што информираше Станка Трајкова е Сојузот на пензионери на Македонија, а на истата учествуваа пензионери од општините Делчево, Берово, Пехчево, Македонска Каменица и Виница.

-На овој настан чиј домаќин е Делчево учествуваат пензионери од четвртиот регион во Македонија, кои денеска ни се претставуваат со убави изворни песни и музика. Можам да кажам дека овие регионални манифестации заедно со Републичката ревија на песни музика и игри се врв на пензионерското организирање каде доаѓа до израз уметничкиот дух и израз на пензионерите, а истовремено претставува и активно стареење на возрасната популација. Со еден збор овие манифестации се едно музичко движење во целата држава кое се одвива во 8 те региони, рече Трајкова.

Претседателката на делчевското пензионерско здружение Виолета Арсова додаде дека со организирање на вакви настани се продолжува музичката традиција на овие простори.

-За мене е чест што и покрај тешките услови се трудевме да дојдат повеќе друштва, за да можеме да ја продолжиме оваа традиција коај не потсетува на нашите корени, додаде Арсова.

За делчевските пенизонери кои имаа свој музички перформанс на Регионалната смотра, повеќе од предизвик е да се учествува и да се биде победник на ваквите настани.

-Настапуваме со малешевско оро и неколку песни изворни со изворни инструменти меѓу кои ќемане гајда и тамбура. Постоиме 6 години како музичка група во состав на нашето здружение, а најголем успех на групата ни е освоеното прво место, истакна Мирко Симоновски од Делчево.

Музичкиот раководител на виничкото здружение на пензионери Стојко Митковски додаде дека ваквите настани се одлична можност по стивнувањето на пандемијата да се врати дружбата меѓу самите пензионери.

Каменичкото здружение како што информираше претседателката Јаворка Соколовска учествува редовно на ваквите настани.

Најдобрите од Регионалната музичка ревија се стекнуваат со право да учествуваат на Републичката музичка ревија на пензионери која по традиција секоја година се одржува во главниот град на државата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*