Во Пехчево отворена Канцеларија за млади

Во Пехчево започна со работа канцеларија која ќе биде наменета за потребите на младите од оваа општина. Канцеларијата како што информираат вработените е сместена во Туристичко-информативниот центар во Пехчево и ќе биде отворена секој работен ден и ќе служи младите подобро да се запознаат со работата на општината.

-Сите млади кои имаат прашања поврзани со работата на општината, а се поврзани со младите можат да се обратат во канцеларијата секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот. Целта преку отворањето на канцеларијата е младите да добијат подеднакви можности за пласирање на своите идеи и проекти со цел подобрување на животот во градот.

За градоначалникот на општината Драги Тренчовски формирањето на оваа канцеларија ќе биде од огромен бенефит за младите.

-Во насока на почетокот со работа на оваа канцеларија имаме назначено соработник за млади, а што се однесува на работата на канцеларијата таа ќе значи многу за младите затоа што тие ќе имаат можност да даваат предлози за развој на општината. во понатамошниот дел е предвидно и формирање младински совет, со што ќе се слушненивниот глас преку свои предлози за подобрување на работата на локалната самоуправа, рече Тренчовски.

Додаде дека Канцеларијата за млади и Локалниот младинскои совет ќе функционираат паралелно и ќе играат огромна улога во предлозите за развој на општината.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*