Делегати од седум организации во Делчево ќе членуваат во Локалното собрание на млади

Делегати од седум организации во Делчево ќе членуваат во Локалното собрание на млади на Општина Делчево. На објавениот Јавен повик за членство на Локалното собрание на млади досега како што информираа од Иницијативниот одбор аплицирале Општинската организација на Црвен крст, СДММ, Планинарскиот спортски клуб „Голак“, Средното општинско училиште  „М.М.Брицо“, Невладината организација ,,КХАМ”, Регионалниот центар за застапување и Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“. 

-На последниот состанок, Иницијативниот одбор за конституирање Локално собрание на млади на Општина Делчево ги разгледа апликациите за членство кои беа доставени по јавниот повик за формирање Локално собрание на млади при што било констатирано дека сите апликации се доставени навремено и во целост ја содржеле документацијата што беше пропишана за пријавување на Јавниот повик, истакнаа од Иницијативниот одбор за конститутирање на Локалното собрание на млади.

Конститутивната седница на Локалното собрание на млади како што додадоа е закажана за в понеделник, 7 јуни 2021 година. 

-По формирањето на Локалното собрание, ќе се распише повик за членови на Локален младински совет на Делчево. Членовите на Собранието имаат мандат од две години со право на уште еден мандат. Инаку, согласно со законската регулатива, Локалниот младински совет на Општина Делчево ќе брои 5 члена и претставува советодавно и претставничко тело за младински прашања и политики, додадоа од Иницијативниот одбор на Локалното собрание за млади.

Дополнија дека во рамки на својата работа Локалниот младинаки совет ќе има право да предлага точки на дневен ред на Советот на Општина Делчево, да иницира, учествува и дава повратни информации за процесот на локалната младинска стратегија и други политики, да доставува информации до Општина Делчево за прашања кои се однесуваат на младите и да врши други советодавни и застапувачки работи во согласност со Законот за младинско учество и младински политики

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*