
Младите од Делчево и годинава се приклучија на акцијата „За поубаво и почисто Делчево“. Активноста како што информираше Џулиета Мемедова од ЕЛС Делчево се реализира втора година по ред, а со истата годинава е извршено бојадисување на јавен имот на неколку локации во градот.
-Акцијата се реализира во соработка со волонтери од Црвен крст Делчево, членови на културно-уметничките друштва „Гоце Делчев“ и „Никола Јонков Вапцаров“. Во тие рамки минатата година беа опфатени сите огради на мостовите и дел од детските игралишта, а оваа година продолжуваме со бојадисување на оградите на улиците Илинденска, Генерал Темпо, Брегалничка и исто така бојадисување на детското игралиште во населбата Ново Делчево, рече Мемедова.

Во рамки на ацијата „Младите за поубаво и почисто Делчево“ како што додаде спроведени се и неколку мали акции во селата Стамер, Град, Вирче, Разловци и Тработивиште.
-Во село Стамер во моментот се чистат гробиштата од христијанска вероисповед, во село Тработивиште игралиштето во состав на подрачното училиште е целосно реновирано, поставени се нови мрежи, се со цел да го подобриме квалитетот на живеење како на младите така и на другите жители од Општина Делчево, додаде Мемедова.
Акцијата како што дополни се реализира на иницијатива на градоначалникот на Делчево, со средства обезбедени од буџетот на Општина Делчево.
Leave a Reply