Туристичкиот потенцијал на Берово претставен пред економските промотори во странство

Информативната тура за запознавање со можностите и капацитетите за инвестициии, извоз и туристичка понуда на Македонија, претставници од Министерство за надворешни работи синоќа ја продолжија во Берово, каде на заедничка средба со  претставници од општинската администрација и бизнис секторот се запознаа со туристичките и инвестициските потенцијали на општината.

Целта на посетата меѓу другото како што информираа од Општината беше и  запознавањето на Берово како туристичко место. 

-Меѓу главните цели на средбата беше и продлабочувањето на соработката меѓу Општина Берово и Министерството, да се презентираат потенцијалите на Берово, за инвестиции и развој, особено во делот на туризмот. Се надевам дека го запознаа Берово, со сите негови потенцијали и очекувам дека соработката понатаму ќе продолжи, во насока на развој на туризмот во општина Берово и нови инвестиции, информираа од Општината.

Можностите за развој и инвестиции на општината, трите индустриски зони, од кои една мало и лесно стопанство, градска зона и слободната економска зона, беа презентирани од страна на Раководителот на Одделението за ЛЕР при општина Берово, Ѓорѓи Пеовски, кој даде посебен акцент на туризмот како стратешка гранка, а исто така неизоставен дел од презентацијата беа и традиционалната храна, земјоделските производи и еколошки недопрената природа. 

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекецски додаде дека преку остварувањето на директни средби на економски советници со претставници на локалната самоуправа и стопанственици,  економските советници кои ќе бидат на мисија во Анкара, Абу Даби, Варшава и Минхен ќе ги запознаат потенцијалните инвеститори со потенцијалите на општината.

Во рамките на средбата компанијата ,,Агромах” од Берово изрази интерес, за натамошна соработка преку економскиот советник од Турција во Анкара.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*