Успешно реализирана еко-акцијата „Со срце за Голак“

Со учество на стотина граѓани на Делчево, претставници од институции, организации, здруженија, како и вработени во Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“ , млади активисти и волонтери во Делчево реализирана еко-акцијата за чистење на дивите депонии на Голак. Акцијата се организира по повод Светскиот ден на животната средина, 5 Јуни, под мотото „Со срце за Голак“ и со цел да се даде индивидуален придонес за да се исчисти од ѓубрето од познатото излетничко место планината Голак, но и да се разбуди свеста за чистата и здрава животна средина. 

-Чистењето на дивите депонии се изведуваше на 5 локации кои се претходно мапирани од стручните лица од Општина Делчево и членови на Невладината организација Локален младински совет.  Дивите депонии се наоѓаа на патниот правец Делчево-Голак од левата и десата страна над манастирскиот комплекс „Света Богородица Балаклија“ и патот на кај  манаситирот „Св. Пантелејмнон“. Голак е нашиот симбол, адут за развој на туризмот, планина која ги плени сите посетители, истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски кој активно учествуваше во денешната акција.

Додаде дека како одговорни граѓани делчевци не смеат да дозволат околинатада се нагрдува со диви депонии создавани хронично од несовесни граѓани. 

-Правото на здрава животна средина е фундаментално право на секој граѓанин, но и обврска на секој граѓанин да се грижи за неа и со сопствен пример тоа да го покаже со што дава придонес за чиста, здрава и добро зачувана животна средина, средина која е и поддршка на одржливата економија и целокупното општество. Во оваа прилика апелирам да не се создаваат диви депонии по навика и не смееме да дозволиме да го уништуваме со ѓубре, тоа што природата нештедејќи се ни го подарила. Сакам да изразам благодарност до младите волонтери од Локалниот младински совет кои претходниот период ги мапираа дивите депонии на Голак и до сите поединци кои даваат свој придонес во борбата со несовесните за почиста животна средина, додаде Трајковски. 

Во акцијата се вклучија и волонтерите од Португалија и Бугарија од Здружението „Природна перспектива“. Потребните средства и материјали ги обезбеди Општина Делчево  и општествено одговорната фирма „Брегал“ од Делчево, додека фирмата Инспект Офис донираше канти за отпадоци кои се поставени во манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*