Во Делчево претставен проектот „Редовно на часови“

На попладневна дебата во Делчево претставен проектот „Редовно на часови“. Проектот како што информираше Жаклина Дурмиш од Невладината организација „Дендовас“ од Скопје има за цел да се мотивираат родителите Роми нивните деца бидат редовни во основното образование преку обезбедување стипендии за учениците од прво до трето одделение.

-За прв пат во Македонија имаме еден ваков проект кој овозможува стипендии за деца од прво до трето одделение во основно образование. Да ви кажам искрено дека проектот е успешен, бидејки многумина од децата кои пролзлегуваат од социјално-загрозени семејства бидејки овој проект ги опфаќа нив, голем број од децата се редовни во училиште. Освен тоа што се редовни имаат стекнато и квалитетно знаење и неретко слушаме пофалби од наставниците, слушаме дека децата се активни на актиовностите кои училиштата ги реализираат, истакна Дурмиш.

Само на тој начин како што додаде претставникот на „Дендовас“ ќе се создадат услови учениците Роми да бидат редовни на училиште.

На настанот присуствуваа претставници од двете деветолетки во Делчево каде учат ученици Роми. Дискутирајки за проблемите во оваа сфера дел од дискутантите посочија дека проблемот со отсуство на децата Роми од училиште бил далеку поизразен во време на пандемија.

-Во учебната година која полека завршува имаме ситуации во кои буквално некој мораше да оди дома и да ги „буди“ децата за да присуствуваат на настава. Како добра страна ќе го посочам тоа што во село Тработивиште каде јас сум наставник, од страна на учениците кои посетуваат настава нема никакви предрасуди со останатите деца во однос на успешно спроведување на образовниот процес, истакна Гордана Ефтимовска од подрачното училиште „Св.Климент Охридски“.

На настанот кој го организираше Општина Делчево, а чиј домаќин беше деветолетката „Св.Климент Охридски“, освен родители од двете деветолетки, присуствуваа и претставници на Општината, Невладини организации и образовни медијатори од Министерството за образовани и култура.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*