
Продолжуваат донациите за Дневниот центар за лица со посебни потреби во Берово. Како дел од соработката со општествено-одговорни субјекти, а со цел подобрување на условите за престој на лицата со хендикеп денес во установата беше дониран справа за подобрување на моториката на лицата со препреки во движењето.
-Благодарност до Лајонес клуб ,,Св. Пантелемон” кој донираше лента за одење на Дневниот центар за лица со телесна и ментална попреченост во Берово. Лајонес клуб ,,Св. Пантелемон” активноста ја реализираше во соработка со клубовите ,,Алфа” , ,,Светлина”, и ,,Вардар” и истата е набавена со средства обезбедени преку собирање на 450.000 капачиња од шишиња. Претходно иста таква лента е донирана и во Дневниот центар во Штип, истакна Владимир Миленков, претседателот на Лајонез клуб ,,Св. Пантелемон”.

Првиот човек на Берово, градоначалникот Звонко Пекевски додаде дека оваа донација покрај хуманитарен има и еколошки карактер, при што капачињата се соодветно селектиран отпад, кој ќе им овозможи на децата кои го посетуваат дневниот центар да вежбаат и треба да биде пример за тоа како може правилно да се управува со отпадот.
Активноста како што додадоа од Општината се реализираше под мотото ,,Ние служиме и се дружиме и помагаме на оние на кои им е потребно”. Претходно Лајонес клуб ,,Св. Пантелемон” во Берово донираше пинг-понг маса и детски реквизити.
Leave a Reply