ЈЛБ „Илинден“ засади дрвца по повод Денот на културата

Со засадување украсни садници делчевската библиотека ,,Илинден” го одбележа Денот на културата.Целта на активноста како што информираше директорката на библиотеката Биљана Петровска е да се даде поттик и на останатите институции со слилни акции да го разубават просторот пред своите устанви.

-Обично на сите настани што ги одбележува Јавната локална библиотека „Илинден“ или подаруваме или промовираме книга. Овој пат одлучивме денот на културата да го одбележиме на поинаков начин засадување дрвца на влезот од библиотеката. Ние вработените ке се грижиме за нив, а кога ќе пораснат еден ден нека бидат подарок од нас за сите нас. Ова нека биде и апел до сите институции, доколку имаат простор и можност да засадуваат дрвца. Колку е позелено, толку почисто,толку поздраво, рече Петровска.

Во меѓувреме установата како што додаде ги набави изданијата на лектири кои недостасуваа во библиотеката.

-Според списокот на лектири кои ќе се обработуваат во учебната 2021/2022 година, изготвен од МОН и БРО, ЈЛБ „Илинден“ ги набави лектирите кои ги немаше. На полиците на библиотеката сега ги има и затоа упатуваме порака до учениците дека ги очекуваме ова лето да ги набават, додаде Петровска.

Паралелно во библиотеката како што дополни пристигнаа и најновите наслови од издавачката куќа Култура

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*