Даријан Ефтимов – ученик на генерацијата во деветолетката „Ванчо Прке“

Ученик на генерацијата 2012- 2021 година во делчевската деветолетка „Ванчо Прке“ е Даријан Ефтимов.

Како што стои во објавата на училишната фејсбук страница, според Правилникот за номинирање, избор и прогласување на ученик на генерација и пофалени ученици при ООУ „Ванчо Прке “, Делчево, наставничкиот совет по предлог на комисијата за избор на ученик на генерацијата го прогласи ученикот Даријан Ефтимов од IX-1 одделение за Ученик на генерацијата.

-Овој наш ученик во изминатите девет години од неговото школување покажа врвни резултати на државни натпревари по природни науки, географија, биологија и на голем број регионални натпревари со освоени дипломи и пофалници, каде што освои 153 бодови. Секако на конкурсот од пријавените ученици, не можеме а да не ја споменеме и ученичката Ана Ангеловска од IX-3 одделение која со добиени 141 бод , беше исто така рангирана како ученичка со голем број постигања , дипломи и пофалници од државни и регионални натпревари по географија, природни науки и математика, се вели во објавата на фејсбук.

Воедно наставничкиот совет ги пофали сите номинирани ученици за вложениот труд и постигнат успех на натпревари и училишни активности/проекти и континуиран одличен успех во генерацијата 2012- 2021 год.

-Тие се вистински пример дека со посветеност , учење, многу труд, , континуиран одличен успех и натпреварувачки дух , се чекори кон успехот „И НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО“! Директорот , Наставничкиот совет и сите вработени, во објавата од се срце им честитаат и им посакуваат да продолжат да редат успеси онака како што најдобро тоа го правеле во самата деветолетка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*