Започна процесот за воведување родово одговорно буџетирање во Делчево

Општина Делчево го започна процесот за воведување родово одговорно буџетирање во локалните политики и буџетските процеси. Активностите како што информираа од Општина Делчево се реализираат со поддршка на UN Women која е орган на ОН и со мандат за постигнување родова еднаквост и зајакнување на позицијата на жените. 

-Во рамки на овој процес меѓу првите активности во кои беше вклучена општина Делчево е потпишување на Меморандум за соработка од страна на градоначалникот Горан Трајковски и самата Организација. Во изминатите неколк уденови бевме дел од првите обуки на кои учество зедоа 10 општини и 23 претставници и претставнички од овие општини кои се приклучија на менторската програма за родово одговорно буџетирање на UN Women. На обуката беа презентирани основните цели за вклучување на родовата перспектива во локалните политики и буџети и значењето  од нивната примена во целокупното работење, истакнаа од Општината. 

Посочија дека за Општина Делчево ова е голем чекор напред, кога е во прашање родовиот концепт и неговата примена во креирањето на локалните политики и буџетот и значи зајакнување на позицијата на жената во Општината, одговор на нивните потреби и барање и унапредување на родовата еднкавост во сите сфери од работењето на Општината. 

-Да напоменеме и тоа дека обуката беше организирана во рамките на проектот „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида, додадоа од Општина Делчево.

Од општината очекуваат соработката да продолжи преку реализација на нови активности за систематска примена на родово одговорното буџетирање како алатка во креирањето на општинските политики и буџети.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*