Започнува изградбата на крак од улицата ,,Прохор Пчињски” во ромското маало во Берово

Започнува изградбата на крак од улицата ,,Прохор Пчињски” во ромското маало во Берово. Почетокот на активностите како што информираа од Општината е означен со воведувањето во градба на економскиот оператор и притоа информираа дека изградба на овој крак од улицата ќе се реализира во должина од 65 метри.

-Во рамки на градежните активности ќе се изврши расчистување, нивелирање, тампонирање и поставување на ивичници и бехатон плочки. Изградбата на крак од улицата ,,Прохор Пчињски” е дел од инфраструктурните активности како дел од проектот ,,Штип и Берово заедно за подобрување на условите за живеење на ромските заедници”, информираа од Општината. 

Реализацијата на овој проект како што додаде градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, има поголема временска рамка и поголем обем на активности, но како што дополни на задоволство на граѓаните на Општина Берово, изградбата на споменатата пристапна улица до центарот на градот која често е користена како премин, конечно станува реалност. 

-Најпрво се предвидени инфраструктурните активности, понатаму набавка на контејнери и индивидуални канти за отпад за семејствата, како и приклучување на електрична енергија. Во рамките на проектот е предвидено и донесување на ДУП и ГУП во износ од 15 хектари во ромската населба, легализација на бесправно изградени куќи во сопственост на ромски семејства, рехабилитација и реконструкција на 15 куќи на ромски смејества кои живеат во несоодветни и штетни услови, реконструкција на 250 метри фекална канализација, приклучување на вода на 7 семејства кои не се приклучени, дополни Пекевски.

Со реконструкцијата на крак од оваа улица преку соодветна инфраструктура очекува подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, како и полесна пристапност до централното градско подрачје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*