Зголемен бројот на нови членови во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево

Зголемен бројот на нови членови во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево. Од почетокот на 2021 година до денес како што информираше директорката Биљана Петровска зачленети се 220 членови што е поголема бројка во однос на истиот период минатата година.

-Минатата година имавме зачленето вкупно 180 членови, годинава таа бројка е за 40 повеќе. Паралелно секојдневно расте интересот за користење на алатката за резервирање на книга, заради што сосема опадна бројот на оние членови кои заради ненавремено враќање на книга, плаќаа казна, што исто така е за пофалба, рече Петровска.

Во меѓувреме како што додаде во пресрет на летото, а на барање на читателите во библиотеката продолжува набавката на најактуелни изданија на книги.

-И понатаму најбаран е Фицек и сите негови дела, особено последните негови „На пат кон дома“ и „Чиракот” ,како и се од Лиза Клејпас. Меѓу читателите најзборувани и најатрактивни последниот месец се и „Шефт од соништата“ и „Ѕвончиња во снегот“.ЈЛБ „Илинден“ и понатаму останува место каде што се акумулираат знаења од сите области и секој може да најде одговор на своите прашања, додаде Петровска.

Од библиотеката очекуваат бројката на нови читатели продолжи да расте и во текот на летните месеци, кога вообичаено се зголемува зачленувањето од страна на помладата популација. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*