,,Истевнички Кукуље” – нов туристички производ на Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Истевнички Кукуље е новиот туристички производ на Агенција за промоција и поддршка на туризмот која во изминатиот период во партнерство со Општина Делчево го реализираше проектот за уредување и означување на туристички локалитет “Истевнички Кукуље“ кој што претставува природна реткост. 

-Согласно проектот, Агенцијата за туризам (АППТ) соодветно го обележа овој нов туристички локалитет и постави опрема која може да се користи од страна на туристите (маси, клупи, летниковец, како и корпи за отпадоци). Дополнително, за да оваа туристичка атракција добие на атрактивност, општина Делчево ја уреди планинската патека од Истевник до Разловци со соодветна маркација со бои, информативни табли и патокази, информираа од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Со комплетирање на овој проект како што додадоа од Агенцијата за туризам, туристите добија уште една дестинација за одмор и рекреација, но и за развој на активен туризам на 880 метри  надморска височина, со опција за искачување на врвовите во околината кои достигнуваат до 1900 метри надморска висина.

-Со означувањето и уредувањето на оваа уникатна релјефна појава, се отвора можност да се видат карактеристичките форми на камени кукли кои се наоѓаат на околу 200м должина и на кои се формирани 50-тина земјени пирамиди со висина до 15 метри. Дел од нив наликуваат на човечки фигури – камени кукли, но и покрај легендите, науката тврди дека тие настанале со вековната ерозија на трошните седиментни карпи. Овој проект претставува позитивен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт и несоменено ќе придонесе да се збогати туристичката понуда на Општина Делчево и регионот, додадоа од АППТ.

Туристичкиот локалитет Кукуље е втор по важност од овој вид во РС Македонија и според очекувањата на реализаторите на проектот се очекува да го посетат домашни и странски туристи кои се фокусирани на авантуристичкиот туризам.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*