Хуманитарната организација „Свети Спас“ додели хуманитарни пакети за социјално раниливи семејства во Берово

Триесет и едно социјално ранливи семејства, од Берово, ќе добијат пакети колонијални производи, како донација од Хуманитарната организација “Свети Спас”. Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, истакна голема благодарност до Хуманитарната организација “Свети Спас”, потенцирајќи дека, во повеќе наврати, во насока на подобрување на општественото живеење оваа организација, е партнер на општина Берово, за поддршка на социјално ранливи категории.

-Хуманитарната организација на скопската православна епархија при М.П.Ц- ОА “Свети Спас” има за цел, да им помогне на сите луѓе, на кои им е потребна помош, без разлика на вера, националност, политичка определба и т.н. Оформена е со благослов на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и засега им помага на многу семејства на кои што континуирано, секој месец, им носи храна, хигиенски производи, облека и слично, рече Пекевски.

Дека хуманоста е нивна главна мисија, покажуваат со секојдневните дела и активности, преку кои помагаат на многу семејства, преку различни акции и секаков вид помош и поддршка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*