Во Делчево во тек е замена на водоводната линија на две улици во градот

Во Делчево во тек е замена на водоводната линија на две улици во градот. Активностите како што имформираа од Општината ги реализираат екипи на делчевското комунално претпријатие, чиј опфат на изврдувањр на градежните работи изнесува 570 метри.

-Екипи на Јавното комунално претпријатие „Брегалница” започнаа со замена на старата дотраена азбестна водоводна линија со полиетиленски цевки на улица „Орце Николов“, како и крак кој води на улицата „Скопска“ во Делчево. Водоводната линија која се реконструира и каде се поставуваат нови полиетиленски цевки е во должина од 570 метри, информираа од Општината.

Со оваа интервенција очекуваат да се подобри водоснабдувањето во овој дел на градот.

-Воедно очекуваме да се подобри квалитетот на водата, но и да се спречат загубите на вода и честите дефекти на мрежата, додадоа од Општината.

По реконструкцијата на водводната линија според планираното предвидено е асфалтирање на улиците „Орце Николов“ и „Скопска“ во рамките на проектот на Владата „Македонија без кал“ кој се имплементира преку Министерството за транспорт и врски

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*