Галовеј од М.Каменица: Велика Британија изразува силна поддршка за старт на преговорите на Македонија со Европската Унија

 Велика Британија изразува силна поддршка за старт на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија. На новинарско прашање какво е размислувањето на Британија околу започнувањето преговори на нашата земја со Европската унија, британската амбасадорка Рејчел Галовеј која денес имаше работна посета на Општина Македонска Каменица, истакна дека Р С Македонија целосно ги исполнува критериумите за почеток на преговорите и изрази надеж дека европските земји ќе донесат позитивна одлука по ова прашање, врз основа на сето она што државата го направи за старт на преговорите.

-Јасно е веќе со години дека Северна Македонија ги исполнува критериумите за да се отворат преговорите со ЕУ. Ние ја поддржуваме Северна Македонија за отворање на преговорите и се надеваме дека Европските земји ќе ја донесат таа одлука врз основа на критериумите, а не врз основа на некои други политички фактори, рече Галовеј.

Галовеј додаде дека Велика Британија ќе продолжи да биде еден од најголемите инвеститори во држават како одговор на прашањето Дали има некои промени по излегувањето на Велика Британија од Еу во однос на соработката со Република Северна Македонија.

-На крајот на минатата година се потпиша договор за трговска размена помеѓу двете земји, каде што понатаму само ќе се подобруваат и ќе се зајакнуваат трговските врски помеѓу двете држави. Ние сме едни од најголемите инвеститори во Северна Македонија така да во периодот кој следи само можат да се зајакнат тие врски помеѓу С.Македонија и Велика Британија, додаде Галовеј. 

Покрај средбата со градоначалничката Соња Стаменкова, Галовеј најави дека ќе се сретне со претставници на Рудник Саса, а ќе има и свое обраќање на церемонија организирана од Женскиот фудбалски клуб Саса.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*