Мечка опустоши пчеларник во атарот на село Киселица!

Видеото подолу е направено на 15 јуни 2021 година во Пилифанско маало од страна на загрижени граѓани кои информираа за големиот пустош направен од страна на мечка врз сандаците со пчели во атарот на село Киселица.

Мечката е забележана на повеќе локации во делечвско, поради што граѓаните кои ни го доставија видеото апелираат останатите пчелари да ги заштитат пчеларниците за да не им се случи истата штета, а воедно и да се внимава при движењето во шума, бидејки мечката е позната како диво животно кое напаѓа луѓе.

Во меѓувреме граѓаните бараат начин како да постапат во случај мечката да биде затекната како врши нови несакани дејствија.

Фотографија на која се гледаат влакна од мечката која се закачиле на дел од жичаната ограда.

Видеото погледнете го на следниот линк:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*