Фото: Го имаме шампионот во потрагата по најголема печурка во Пијанец!

Вики Трајановска од Делчево е неделниот шампион за пронаоѓање печурки со најголема тежина.

На фотографиите кои ни ги прати 14 годишната делчевка се гледа дека нејзиниот ,,трофеј”, тежи ,,ни помалку – ни повеќе”, туку точно 3 килограми.

Џиновската печурка Вики ја пронашла во пределите на делчевското село Драмче.

Претходно рекордот за оваа недела го држеше младиот Васе Панчовски од Делчево кој пронајде печурка тешка 1 килограм.

Делчевчани продолжуваат со потрага по печурки кои и тоа како можат да го подобрат семејниот буџет во време кога природата го овозможува.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*