,,Младите дома” – иницијатива за задржување на младите во Делчево

,,Младите дома” – иницијатива за задржување на младите во Делчево. Ова е целта на проектот кој како што информира имплементаторот Катерина Антовски треба има за цел да ја подигне свеста на реалните креатори на политики, особено на младинските политики, за важноста на задржувањето на младите дома, особено преку создавање кариерни можности во општина Делчево.

-Проблемот со кој се соочува општина Делчево години наназад, е иселувањето на младите луѓе. Овој проблем го одбрав затоа што и јас сум една од тие млади кои го напуштија родното место барајќи подобра перспектива за себеси. Главната цел ќе биде креаторите на политики да бидат свесни и да програмираат политики кои ќе ги спојат младите луѓе со бизнис секторот, на тој начин што тие две страни ќе си бидат поддршка и силни партнери во развивање на подобра економска и кариерна клима во Делчево, а со тоа би се придонело до поголем развој на општината и секако, задржување на младото работоспособно население како предуслов за истиот, вели Антовска.

Во таа насока од огромна важност според имплементаторот според имплементаторот е да се создаде решение налик на кариерен центар во кој младите луѓе ќе можат да ги вкрстат своите желби и потреби со потребите на бизнис сектотор на тој начин што кариерните центри ќе имаат задача да пронајдат бизнисмени, односно претприемачи од областите кои ги има во општината кои ќе помогнат во создавањето на млади кадри кои во иднина би работеле во нивните бизниси.

-Тоа би се случило преку евентуално стипендирање на високото образование на младите луѓе, кои пак по завршувањето ќе бидат обврзани да се вратат назад во општината и своето знаење ќе го употребат во компанијата која го стипендирала нивното образование. Сметам дека ова е вистински начин како да се помогне развојот на економијата на општината и начин плус како да си ги задржиме младите луѓе во помалите општини. Овој кариерен центар ќе ги поврзе соптвениците на бизниси и младите кадри на општината на тој начин што ќе понуди програма за меѓусебна поддршка, односно ќе направи план и стратегија за нивна соработка, анализа на пазарот на трудот, како и конкретни заложби од сите засегнати страни за изнаоѓање соодветни и оджливи решенија, додава Антовски.

Иницијатива во рамки на своите активности вклучува вмрежување на засегнатите страни, со цел да се случи нивна долгорочна соработка.која би се реализорала преку создавање на квалитетен и темелен документ за јавна политика.

-Со создавањето на овој документ сметам дека ќе се созаде концепт за кариерен центар во општина Делчево со цел да бидеме на чекор до зачувување на надеж за подобра иднина во општината, додава Антовска.

Најсилен мотив за оваа иницијатива според неа е нејзиното искуство, затоа што како што вели да имала повеќе можности во Делчево сега ќе живееше и работеше дома. Преку оваа иницијатива е сигирна дека конечно може да направи нешто со што ќе ги убеди младите луѓе да останат да живеат во Делчево. Според имплементаторот на иницијативата доколку барем еден млад човек за неколку години од сега се врати или остане да живее во Делчево токму поради оваа иницијатива, тоа ќе го смета за голем успех, свој и на тимот со кој ќе ја спроведе целата оваа иницијатива.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*