Делчевското ,,фиќо” атракција низ улиците на Луксембург!

Автомобилот Застава 750 или популарно познато меѓу народот како ,,фиќо” кое делчевецот Никица Пецов имаше голема желба да го вози низ луксембуршките улици, веќе се наоѓа во градот каде живее делчевскиот иселеник и како што вели е вистинска атракција меѓу тамошните граѓани.

-Здраво, како што ветив еве ви праќам неколку фотографии од моето ,,фиќо”, кое веќе се вози низ улиците на Луксембург. За оваа една недела колку што го возам овде, ,,фиќото” е вистинска атракција помеѓу овдешните луѓе кои често ме запираат, за да се сликаат со југословенското фиќо, кое е прво вакво овде во градот во кој живеам во Луксембург, вели Никица Пецов.

Во прилог фотографиите од делчевското “фиќо” кои ни ги прати нашиот иселеник:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*