Ана Манасиева избрана за потпретседателка на Интернационалната Унија на Социјалистички и Социјалдемократски подмладоци – ИУСИ

Потпретседателката на Социјалдемократската младина на Македонија Ана Манасиева е избрана за потпретседателка на Интернационалната Унија на Социјалистички и Социјалдемократски подмладоци – ИУСИ.

„ За мене ќе биде огромен предизвик да ја претставувам СДММ и сите организации од регионот во Президиумот на Интернационална унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци, да зборувам гласно за потребите на младите луѓе и ситуацијата на Балканот, одлучно да се борам против наративите на десничарските лидери, но и преку конкретни активности да се залагам слободата на говорот, мирот, правдата и солидарноста да бидат основни вредности во секое општество. Верувам дека моќта на младите и прогресивни луѓе може да ги направи промените што сакаме да ги видиме во општеството!“ – напиша Манасиева.

Интернационалната Унија на Социјалистички и Социјалдемократски подмладоци e организација во која членуваат 148 организации од 107 држави низ светот,  формирана во далечната 1907 година и една од најстарите и најголемите младински политички организации на глобално ниво. Низ годините ИУСИ имала значајна улога во одбрана на мирот и демократските вредности, преку вклучување на милиони млади луѓе низ целиот свет.

Конгресот на ИУСИ се одржува на секои две години и е настан на кој млади луѓе од целиот свет се собираат, дискутираат и одлучуваат за иднината на организацијата, а оваа година поради пандемијата предизвикана од Ковид 19, Конгресот се одржа онлајн.

Балканскиот регион има право на еден потпретседател во Президиумот на ИУСИ, а на оваа позиција беше избрана Ана Манасиева од Социјалдемократската младина на Македонија, која воедно ќе ги претставува сите социјалдемократски подмладоци од регионот.

Во минатиот мандат ова место и припаѓаше на Црна Гора, на младината на Демократската партија на социјалистите (ДПС).

За Социјалдемократската младина на Македонија активното учество во меѓународните организации е високо на агендата и на тој начин се истакнува борбата за основните вредности на достоинство и солидарност, борбата против климатската криза, борба против сиромаштијата и борбата за еднакво општество за сите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*