Иселениците со собирна акција за помош на семејството Миленковски од с.Град

Иселениците кои потекнуваат од делчевското село Град, на заедничка средба во Швајцарија денес организираа акција за собирање средства за помош на Спаско и Радица Миленковски од делчевското село Град чии услови за живот се катастрофални.

Според информациите на иселеникот Марјан Маџовски собрани се прилично средства, по што се размислува како правилно да бидат вложени за да им се подобри животот на нивните сограѓани.

-Денес по иницијатива на неколку иселеници кои потекнуваме од село Град, решивме да се собереме и да направиме собирна акција во чии рамки секој во своите можности донираше парични средства за помош на Миленковски Радица и Спаско. Целта е чекор по чекор да размислиме што е најдобро да се направи, за да им се помогне на немоќните наши сожители. Во комуникација сме сите кои се најдовме затекнати од овој случај и сигурен сум дека во брзо време ќе направиме се што е наша моќ, ова семејство да се извлече од тешката ситуација, рече Маџовски.

Паралелно во тек е акција за собирање он-лајн донации. Сите граѓани кои се во можност да му помогнат на семејството тоа можат да го сторат на следниот линк: https://gofund.me/dc8e01b5

Во меѓувреме во посета на ова семејство во текот на вчерашниот ден како што објави Рената Николовска биле членови на хуманитарното здружение УМИЛЕНИЕ од Виница. И тие бараат начин како да се најде вистинскиот начин да им се помогне на Миленковски:

-Го посетивме семејството Миленковски од село Град Делчевско и однесовме пакети со храна и средства за хигиена и навистина наидовме на семејство кое живее во крајно отежнати услови без електрична енергија и вода за пиење. Бабата Радица се грижи за својот неподвижен син, а и самата е болна и изнемоштена. Апелирам до сите хумани граѓани доколку некој е во можност да помогнете да се приклучи електрична енергија и поправка на куката, но бидејки семејството нема никакво средство за комуникација може да ги најдете во селото или да не контактирате нас, па заеднички да најдеме некое решение, се вели во објавата на Николовска.

https://www.facebook.com/groups/675056443191079/permalink/758611834835539

За оние кои не го гледале она што го затекнавме таму кога го снимивме материјалот пред две недели погледнете го видеото на линкот во продолжение:

https://www.facebook.com/watch/?ref=search&v=1119053495248436&external_log_id=123d3fff-8b06-4db6-8a52-d49dd1b1c17d&q=%D0%9C%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8+%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%BE+%D0%93%D1%80%D0%B0%D0%B4

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*