Левица: Лажните предизборни ветувања на СДСМ Делчево од 2017 не можат да се сокријат!

Продолжуваат реакциите на Левица на локално ниво. Во последната своја објава, огранокот на оваа партија ги потсетува локалните власти во Делчево на како што велат лажните предизборни ветувања на СДСМ од 2017 кои според нив не можат да се сокријат.

-Во предизборната програма на СДСМ во Делчево како еден од клучните проекти е предвиден и ” Доизградба и доградување на кејот на реката Брегалница” од Градскиот базен до црквата “Св.Кирил и Методиј” и од Хотел “Македонија” до мостот на улица “Индустриска”. Денеска граѓаните на Општина Делчево сведочат на морничава глетка во овој дел од градот, каде нема ниту еден метар прогрес во остварувањето на проектот ветен во 2017 година, а предвиден да се финализира во 2018 година, од страна на партијата на власт, се вели во објавата на Левица.

Додаваат дека поради тоа се повеќе граѓани пријавуваат дека забележале змии по кејот на река Брегалница и укажуваат на опасноста од зголемување на нивниот број, особено во како што велат запуштениот дел од коритото на реката, од чија лева страна по течението на реката на стотина метри се наоѓаат најголем број од станбените домаќинства во градот и на овој терен секојдневно си играат и шетаат деца.

-И покрај итноста од решавањето на ова прашање чие решение ќе превенира од понатамошни незгоди и нанесување материјална штета, сепак овој проект остана како убава идеја на лист хартија за програма за предизборни ветувања, а не и на листата на приоритети на владејачката партија.

Објавата на следниот линк: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=306471047779249&id=108681067558249

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*