Млада дива свиња денес забележана во Детскиот парк во Ново Делчево

Млада дива свиња денес ги растревожи посетителите во Детскиот парк во делчевската населба Ново Делчево. Младиот вепар први го забележаа жители од населбата кои случајот го пријавиле во полиција, од каде поради ненадлежност за случајот добиле насока да се обратат до шинтерска служба или Ловно друштво.

Случката ја потврдија и родители кои со своите деца го посетија Детскиот парк во Ново Делчево.

-Само што стасавме и се паркиравме прасето беше овде кај лулашките. Кога ги виде децата избега некој од присутните рече најверојатно кон реката. Имаше од 40-50 килограми, не правеше проблеми изгледаше повеќе уплашено, истакна родител на едно од децата кои си играа во паркот.

Ваквата појава според родителот е невообичаена, бидејки порано немало вакви случаи во градот да се шетаат диви свињи.

-Чудно, но во последно време има интересни појаби на животни кои се симнуваат ниско во градот. Мислам дека тоа е така, бидејки тие животни ги има во поголем број во шумите и затоа се спуштаат во градските подрачја, додава родителот од Делчево.

Постарите жители кои ги затекнавме во паркот се осврнаа и на неодамнешниот случај за присуството на мечка која била забележана во атарот на неколку села.

-Тоа со мечката е така, бидејки тие диви животни се движат онаму каде нема луѓе, а бидејки во повеќето наши села веќе нема жители, се случува да се симнат од повисоките места и да уништат пчеларници како што тоа беше случај во селото Киселица и на неколку други места, истакна Драган Димитровски од Делчево.

Велат дека ваквите појави и понатаму ќе бидат забележливи во селските средини особено во селата каде повеќе не живеат луѓе.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*