Карикатурите на Милман на изложба во Делчево

Карикатурите на Милман, претставени пред љубителите на уметноста во Делчево. Како што информираше авторот Миле Милчевски, ова е прва изложба од циклусот изложби посветени на здравствената пандемија.

-Во спонтан разговор со мојот драг пријател, афористичарот Миле Ѓорѓијоски, договоривме изложбата да стартува од Делчево, со тоа што понатаму изложбата е договорена во повеќето градови во нашата држава. Доколку се реализираат некои мои разговори изложбата ќе ги помине и границите на Македонија. За изложбата е карактеристично тоа што е поврзана со здравствената пандемија, за чие времетраење од година и пол, секојдневно објавував карикатури. Ова е само еден дел од карикатурите со кои се претставувам пред делчевчани, рече Милчевски.

Самата изложба според доктор Марија Глигоровска покажува дека уметниците и преку карикатури знаат да оддадат почит кон здравствените работници

-Видовме дека авторот со карикатурите опфатил се од невните вести во однос на пандемијата. Навистина е голема поддршка за здравствените работници. Ова е втор пат да имаме ваков настан, првиот беше насловен Корона катрени од литератот и роднокраен Васил Маневски. Ова е голема поддршка за нас заздравственит еработници. Со поддршката од сите останати мислам дека успеавме да ја победиме короната, рече Глигоровска.

Организатор на изложбата е Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ чиј директор Методи Толевски ги покани љубителите на уметноста во наредните 10 дена да ја посетат во Фоајето на Спомен дом АСНОМ.

-Можам да кажам дека Миле Манчевски како еден од најпознатите карикатуристи ни направи чест што ја почнува својата турнеја од Делчево. За таа цел во наредните 10 дена, колку што ќе бидат изложени неговите дела ги повикувам сите љубители да ја видат изложбата, бидејки има што да се види, додаде Толевски.

По изложбата на Миле Манчевски, како што најавија од делчевскиот Центар за култура ќе следува изложба на  дела од ликовната колонија „Ацо Ѓорчев“ од Неготино, додека во летниот период планирани се и повеќе летни концерти во Делчево. 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*