НВО ,,КХАМ” Делчево продолжува со проектот за обезбедување фер судска правда и заштита за маргинализираните групи граѓани

Невладината организација „КХАМ“ од Делчево продолжува со имплементација на проектот „Пристап до правда за маргинализирани групи на заедници во општините Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица”.

Како дел од овој проект како што информираа од НВО ,,КХАМ” одржани се низа информативни состаноци на тема „Кои услуги ги пружа канцеларијата за бесплатна правна помош и психосоцијална поддршка“.

-Во изминатиот период НВО „КХАМ” работеше на на екипирање на човечките ресурси кои се потребни за исполнување на законски предвидените обврски. Од претходното искуство со аплицирање за бесплатна правна помош, доаѓаме до заклучок дека граѓаните не знаат кога и како да го користат ова право, ниту пак знаат каде да се обратат. Со оглед на целната група, истите луѓе во повеќето случаи не се финансиски подготвени да ги поднесат трошоците за покренување постапка пред институциите и честопати се случува да се откажат од некои од нивните права. Затоа е потребно на тие граѓани да им се обезбеди бесплатна примарна правна помош и да го олеснат пристапот до секундарната помош кога ги исполнуваат условите за добивање на истата, истакнаа од КХАМ Делчево.

При реализацијата на проектот како што додадоа евидентирано е дека постојат 463 домаќинства од ранливи категории граѓани од четирите целни општини според државниот завод за статистика, како и приближно 150 лица со попреченост..

-Бројот на лица со  попреченост е бројка која ја добивме од невладини организации од четирите општини кои работат со оваа група на луѓе. Во однос на жртвите на семејно насилство и родово засновано насилство, немаме податоци бидејќи насилството во многу случаи не е пријавено, така што надлежните институции не можат точно да утврдат број на случаи на ваков вид насилство, истакнаа од КХАМ Делчево.

Меѓу лицата кои имаат право на бесплатна правна помош од НВО „КХАМ” ги наведоа, лицата корисници на социјална помош, корисници на правото на инвалидски додаток, кои не остваруваат други приходи по основ на заработувачка или приходи од недвижности, корисници на најниска пензија кои живеат во семејна заедница со две или повеќе лица издржувани од него и семејства или самохран родител со едно или повеќе малолетни деца кои остваруваат право на детски додаток.

Проектот се спроведува како регрант од Коалиција Маргини и Фондација Квина тил Квина, и истиот е финансиски поддржан од Европската Унија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*