О.Делчево во втората фаза од Ромактед програмата

Во Делчево одржана информативна средба во рамки на имплементацијата на втората фаза на програмата Ромактед „Промовирање добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“ 2021-2024. На средбата како што информираа од општината се дискутираше за можностите и структурите за подобра координација и имплементација на  оваа програма.

-На средбата учествуваа претставници од општинската администрација, како и националниот тим за поддршка на имплементацијата на Програмата Ромактед II, составен од Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, како и Институтот за истражување и анализа на политиките – Ромалитико. Главен акцент на средбата беше ставен на поддршката и подготвеноста на Општина Делчево за непречена и ефективна имплементација на втората фаза од програмата Ромактед, истакнаа од Општината.

Тимот за поддршка на имплементацијата на оваа програма како што додадоа ги информираше и за останатите цели кои ќе следуваат во рамки на втората фаза на програмата Ромактед.

-Втората фаза од програмата има за цел да даде поддршка на локалните власти да ги интегрираат специфичните активности и мерки за Ромите во главните локални акциски планови поврзани со овие политики, буџетите и испораката на јавни услуги, со што ќе се зајакне демократското учество и зајакнување на локалната ромска заедница, додадоа од Општината.  

Општина Делчево за прв пат е опфатена со втората фаза на програмата Ромактед. Активностите од оваа програма се финансирани од Европската Унија и Советот на Европа и имплементирани од Советот на Европа

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*