Францускиот амбасадор Баумгартнер во посета на Берово

Во работна средна на Општина Берово денес попладнето престојуваше францускиот амбасадор Сирил Баумгартнер. Новиот амбасадор на Француската Република во Република Северна Македонија на првата средба со градоначалникот Звонко Пекевски разговараше за конкретните чекори што се преземаат во насока на интензивирање на билатералната соработка, помеѓу нашата држава и Франција, во делот на унапредување на односите со општините. 

Баумгартнер истакна задоволство од досегашната соработка на неговите претходници при што го потенцираше зголемениот интерес на француски компании за инвестирање во земјава со што според него ќе се отвори широко поле за соработка во повеќе области со општините,  од кој како најважна за општина Берово ги посочи инвестициите за развојот на еко туризмот.

Во наредниот период најави зголемена поддршка за општините во реализација на поголеми инфраструктурни проекти.

Градоначалникот Пекевски изразувајки благодарност  за поддршката во евроатланските интеграции, како и за досегашната соработка на Баумгартнер му ја претстави Општина Берово како и можностите за развој преку европските фондови, кои според него се од големо значење за реализацијата на проектите за современа инфраструктура.

Реализираа заедничка посета на Домот за стари лица ,,др.Иван Влашки”, кој е во очекување на втората донација од медицинска опрема  од Асоцијација Алзас- Македонија  (АЛМА) од Република Франција, како резултат на успешната соработка со Француската Амбасада.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*