Агротим: Мерката 7 од ИПАРД одлична можност за бизнис идејата на повратникот Нино од Делчево

Нино од Делчево е повратник од Америка кој решил својот стекнат капитал да го вложи во родниот град Делчево.

Како професионален сомелиер со долгогодишно искуство, тој има одлична идеја за преработка на грозје и слива во алкохолен дестилат, а истиот веќе и обработува околу 2 хектари со слива од видовите стенлеј, чачанскародна и пожегача.

Финансиската поддршка од Мерка 7 преку ИПАРД програмата која ќе биде објавена во периодот пред нас е добра шанса за оваа идеја да прејде во реализација.

Поддршката се состои од грант од 6️⃣5️⃣ % при набавка на потребната опрема за производство на алкохол од овошје.

АФПЗРР е тука да го посоветува и поддржи Нино но и сите земјоделци и претприемачи со добар бизнис план.

Фејсбук статус на Никица Бачовски – Директор на АФПЗРР

„Повикот за Мерка 7 засега е во фаза на најава, тоа е наша процедура, на сите јавни повици им претходи најава за да можат апликантите полека да се спремаат или да имаат сознание дека ќе има јавен повик за да можат службите да им бидат на располагање за да им ги објаснат сите детали. Сѐ уште чекаме модификација на програмата од страна на Директоратот за земјоделство и рурален развој од Брисел. Начелно, официјално ни е одобрена таа модификација, ја чекаме и во писмена форма, по што би го објавиле и јавниот повик, изјави за Агротим, директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.

Линк до оригиналната објава: https://www.facebook.com/106908470733495/posts/518178672939804/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*