Во Берово откриено спомен обележје во чест на четворицата македонски бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски

Во Берово откриено спомен обележје во чест на четворицата македонски бранители Зоран Бубевски, Никола Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски кои ги положија своите животи во конфликтот од  2001 година. Спомен обележјето го открија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој во присуство на директорот на  Бирото за јавна безбедност  Сашо Тасевски, градоначалникот на општина Берово,  Звонко Пекевски, претседателката на Одборот за подигање на спомен обележје, претставници од  Владата на Република Северна Македонија, како и претставници од Одделот за специјални полициски операции  и семејствата на бранителите положи цвеќе во знак на сеќавање и почит кон бранителите.

Денешниов  чин за Спасовски претставува уште една  благородна  идеја на беровци и локалната власт во Берово, која што доживеа своја реализација, и преку која сите уште еднаш ќе можат да им се поклонат и со тоа да го овековечат споменот за  хероите чии животи се вградени во темелите на нашава земја.  

-Впрочем, нашата држава е создадена и постои благодарение на безрезервната жртва дадена од многу нејзини херои, патриоти, наши браќа, синови, сопрузи, татковци, другари. Не постои поголема вредност, поголема доблест од тоа да се стави сопствениот живот на браникот на татковината,  акт длабоко вткаен во опстојувањето на една држава.  Всушност, сето она што сме го имале и го имаме им го должиме на нашите херои,  рече во своето обраќање пред присутните министерот  Спасовски.

Додаде дека е неизбришлив споменот на сите великани кои со своето највеличествено дело и залог – сопствениот живот – оставиле вечна трага и свое место во историјата, но и во иднината на генерациите што доаѓаат. -Наша должност и  аманет пред нив е, да го чуваме, да го негуваме и да го пренесуваме сето она што тие го оставија зад себе како наследство за што сме им вечно благодарни. Нека им е вечна слава!, заврши во своето обраќање пред присутните министерот Спасовски.

Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски додаде дека секоја година во чест на браниотелите ќе се оддава почит за нивното дело.

-После 20 години од конфликтот во 2001 година од загинувањето на бранителите од Општина Берово изработивме спомен обележје во чест на нив при што секоја следна година во нивна чест ќе биде одбележувано од страна на оипштината и МВР со што треба да дадеме почит на она што претставува скапоцено, а кои некој го оставија за да идните генерации живеат во мир и спокој, рече Пекевски.

Во рамки на откривањето на споменикот на паднатите бранители, покрај доделувањето плакети и благодарници од страна на општината за дел од присутните, чест им одаде и најстариот првоборец командант и жив учесник во НОБ и Ослободувањето на Македонија Јован Г Величковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*