Најстариот борец од НОВ им оддаде почит на беровските бранители!

Во чест на откривањето на споменикот на паднатите бранители во Берово, денес посебна чест на борците им оддаде почит најстариот борец и според кажувања на најблиските можеби воопшто жив првоборец командант и жив учесник во НОБ и Ослободувањето на Македонија Јован Г Величковски.

-Чест е што тој им оддава почит на младите кои загинаа бранејки го она за што се бореше тој и неговите современици во НОБ, истакнаа неговите најблиски.

И овојпат со него беше неговиот внук Ванчо Тркалевски кој го донесе да им се поклони на бранителите од 2001 кои ги дадоа животитет за својата татковина. Чест на првоборецот му одадоа министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот Оливер Спасовски како и директорот на БЈБ Сашо Тасевски кои беа присутни на настанот.

Првоборецот од беровско Митрашинци и прв началник на полицијата во Берово, 99 годишниот Јован Величковски, срдечно се поздрави со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на денешното откривање споменик на четворицата бранители во Берово од конфликтот во 2001 година.

-Оваа фотографија кажува многу. Мојот дедо е прв началник на полицијата во Берово и првоборец во НОВ, директен учесник во создавањето на државата. На бранителите кои загинаа во 2001 година и денес им се подигна споменик се продолжувачи на неговото дело, рече неговиот внук Ванчо Тркалевски.

Денеска во Берово е откриен споменик во чест на четворицата загинатите бранители Зоран Бубевски, Николчо Пехчевски, Љупчо Мирчовски и Димитар Двојаковски.

Инаку, дедо Јован е еден од најстарите преживеани борци од Втората светска војна и НОВ.

Линк до оригиналната објава: https://jugoinfo.mk/foto99-godishniot-prvoborecz-jovan-velichkovski-i-ministerot-spasovski/

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*