Најмладите од Делчево во акција за чистење на детско игралиште во населбата Милково Брдо

Со цел зачувување и одржување на животната средина, група млади ентузијасти од населба Милково Брдо организираа ација за чистење на детското игралиште на улицата „Григор Прличев“ во Делчево. Чистењето како што истакнаа младите било неминовно, поради лошата состојба во која се наоѓа игралиштето.

-Акцијата е со цел да го исчистиме ова наше детско игралиште, бидејки многу е нечисто и ја загадува околината вака како што изгледа сега. За таа цел набавивме ракавици, реквизити и реализиравме акција за да игралиштето го вратиме во првобитната состојба, истакна Леа Стојанова, учесник во акцијата.

Младата Лара Гоцевска информираше дека добиле ветување од надлежните за замена на оштетените клупи и фарбање на р’ѓосаните реквизити кај ова игралиште.

-Овде не можеме да си играме, лулашките и клупите се искршени, мали деца не можат да се качат на лизгалката, бидејки скалите се скршени. Имаме ветување од надлежните дека доколку исчистиме ќе ни помогнат да се среди потешкиот дел од задачата, додаде Гоцевска.

Дечињата во рамки на акцијата добија припомош и од страна на свои другарчиња со место на живеење во Америка, кои се на користење на летниот распуст во Македонија.

-Кај нас иако имаме помалку игралишта од овде имаме служби кои се грижат за одржување на игралиштата. Сепак јас решив да се вклучам во оваа акција и да дадам свој придонес во расчистување на игралиштето, кажа младата Ана Петровска.

Со цел зачувување на животната средина дечињата додадоа дека ќе продолжат со вакви активности и во останатиот дел од населбата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*