На ГП ,,Делчево” приведен битолчанец кој поседувал банкноти без доказ за потекло!

На граничниот премин Делчево запленети 56.200 евра без доказ за потекло. Банкнотите како што се вели во соопштението од МВР се пронајдени при гранична проверка, при што од слобода е лишен Д.Д. од Битола кај кого биле пронајдени банкнотите.

-На 25.06.2021 на Граничен премин Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Д. од Битола затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп листата поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. При преглед во неговото возило „бмв“ со бугарски национални ознаки биле пронајдени 56.200 евра без доказ за потекло, се вели во соопштението од МВР.

Возилото и парите како што додаваат од МВР биле предадени на Царинската управа, а лицето било приведено. 

По целосно документирање на случајот против Д.Д. најавена е поднесување соодветна пријава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*