Во завршна фаза изградбата на параклисот „Св.Петар и Павле“ кај делчевски Стамер

Во завршна фаза изградбата на параклисот кој се наоѓа на 3 километри од регионалниот пат Делчево – Берово кај таканаречениот „Преод“ кај делчевското село Стамер. Параклисот се гради на иницијатива на Зоран Димитровски, жител на селото Стамер, кој е ктитор на првата црква „Св.Еремија“ која пред три години беше изградена во селото Стамер За параклисот „Св.Петар и Павле“ вели дека се гради на иницијатива на жителите кои поседуваат викендици во близина на регионалниот пат.

-Идејата и иницијативата беш лично моја, заедно со луѓето кои овде имаат овде индивидуални викендици. Параклисот е прв од ваков вид во овој дел од државата. Успеавме да го изградиме досега каде што сме стигнати. Се надеваме дека до празникот „Св.Петар и Павле“, параклисот ќе биде готов, истакна Димитровски.

Средствата за реализација на градежните работи како што додаде ктиторот од село Стамер, се обезбедени преку донации.

-Параклисот се гради благодарение на сите донатори кои помогнаа за негова изградба како и благодарение на самите нас како сопственици на викендици и жителите на село Стамер. За понатамошната доизградба ќе бидат потребни некои минимални работи, меѓутоа ќе се снајдеме за тоа, секако кој има желба може да донира, додаде Димитровски.

Селото Стамер до пред три години беше единственото село кое немаше свој православен храм. Со изградбата на параклисот „Св.Петар и Павле“ за кратко време мештаните од село Стамер ќе добијат уште едно здание кое ќе можат да го користат за оддавање почит на светителите, кои се заштитници на мештаните во повеќе градови и села во Источна Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*