Калиманско Езеро нов предизвик за маратонецот Бошко Илиев

Кавадаречкиот маратонец Бошко Илиев кој е познат по тоа што ги препливал најголем дел од македонските природни и вештачки езера, денес си зададе предизвик, да го преплива Калиманско Езеро. На стартот од каде го започна својот нов подвиг, Илиевски истакна дека за реализација на замисленото ќе му бидат потребни нешто повеќе од три часа.

-Благодарност до општината и организаторите Горан С. и Даме С, кои со целата логистика ми помогнаа да го реализирам овој потфат. Ќе пливам околу 3 и пол часа, а должината е негде 7 километри. Ќе биде тешко и жешко, но навикнат сум на секакви услови, рече Илиев.

Целта е да ги исплива сите природни и вештачки акумулации, кои според кавадарчанецот се прекрасни езера за што упати порака да се користат повеќе за спорт рекреација и туризам. 

-Има прекрасни убавини сегде го гледам тоа, езерата се наше богатство, сегде го гледам тоа и во Берово и на Мантово и на Стрежево.ј Јас со моето пливање сакам да дадам еден поттик за младите да го користат како еден од најздравите спортови, повеќе да спортуваат и да рекреиираат и да бидат подалеку од пороците. Се надевам дека покрај сите потешкотии ќе продолжаам и понатаму. Ми останаа негде уште 5,6 езера, така што се надевам дека во наредните години ќе го направам тоа, додаде Илиев.

На почетокот од стазата присуствуваа градоначалничката на општина Македонска Каменица и пратеничката Соња Михаиловска, кои изразија задоволство што токму Калиманското Езеро се најде на мапата на Бошко Илиевски. Со тоа, како што додадоа дополнително се промовираат убавините на Македонска Каменица и се поттикнува туризмот во регионот.

Изјавата на маратонецот Илиевски за неговите досегашни подвизи и изјавата на градоначалничката Стаменкова погледнете ги во продолжение:

Изјавата на Илиев по препливувањето на езерото Калиманци во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*