ПСК „Голак“ реализираше кружна планинарска тура до „Сива Кобила“

Денес членови на ПСК „Голак“ Делчево реализираа кружна планинарска тура со искачување на врв Сива Кобила на 1603 метри надморска висина на Осоговските планини со почетна точка од село Костин Дол.

-Врвот Сива Кобила на 1603 м.н.в. бил всушност таканаречен граничен камен 84 како некогашна воена караула од Кралство Југославија, подоцна користена од југословенската и македонската армија, а денес веќе не е во функција. Врвот се наоѓа на Осоговските Планини во Општина М.Каменицаи областа Пијанец.

Маршот членовите на ПСК „Голаак“ Делчево го започнаа од село Костин Дол со маршрута на движење (Штабска Маала 974 м. – Чобанска Маала 1100 м.) потоа преку месностите Бели камен 1200 м. – Рамниште 1318 м. – врв Сива кобила 1603 м. – месност Сива кобила 1500 м. – Рамниште 1369 м. – Бели камен 1200 м. – (Чобанска Маала 1100 м. – Штабска Маала 974 м.) село Костин дол, Општина М.Каменица – Област Пијанец (Делчевска), информираше претседателот на друштвото Љупчо Чучуковски.

Должината на кружната патека како што дополни изнесувала 15,2 километри со висинска разлика од 638 метри.

-Генерално имавме еден убаво поминат позитивен ден, со уште поубаво позитивни членови на ПСК „Голак“ Делчево со кои продолжуваме како единствен регистиран планинарски спортски Клуб во крајниот источен дел во државата, заедно со Федерацијата за планинарство да ги промовираме интересните но помалку познати врвови и места во овој дел на државата и посебно во областа Пијанец, додаде Чучковски.

Карта и графикон од денешната планинарска тура:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*