
Општина Делчево доби 169 контејнери за справување со комуналниот отпад. Садовите за отпад како што информираа од Општината ќе бидат рамномерно распределени во повеќе населени места во Делчево.
-Во рамки на проектот „Набавка на опрема за собирање и транспорт на отпад во Источен и Североисточен плански регион” во Делчево денеска пристигнаа 169 контејнери со зафатнина од 1,1 метар кубен. Овие садови за отпад планирано е да се распоредат во сите населени места во општината, а со тоа значително ќе се подобри состојбата со управувањето со комуналниот отпад, истакнаа од Општината.
Претходно како што додадоа во рамките на овој проект финансиран со средства од ИПА-програмата за регионален развој на Европската Унија, Општина Делчево доби возило за собирање отпад со капацитет од 4 метри кубни.
-Возилото е по сите еколошки стандарди и со истото е обезбедено брз и сигурен транспорт на отпадот, со што е олеснета целосната процедура за справување со отпадот, додадоа од Општината.
Во слична постапка претходно садови за смет и нови возила преку проектот добија и општините Берово, Македонска Каменица и Пехчево.

Leave a Reply