На почетокот на идната недела прво авионско прскање против комарци во Делчево

На почетокот на идната недела во Делчево ќе се изврши првото авионско прскање против комарци од планираните две за оваа година.

Авионското прскање ќе се реализира во раните утрински часови со соодветно еколошко средство, а за точниот датум и час, граѓаните на Делчево ќе бидат информирани преку соопштение.

Авионското прскање против комарци и други вектор преносители на заразни болести ќе го изврши фирмата БОНИЕР ДООЕЛ Куманово, фирма најповолен понудувач на објавениот тендер, а вкупната вредност на договорот е 300.000 денари.

„Општина Делчево ја информира јавноста дека на ден 06.07.2021 година (вторник) во периодот од 05,00 часот до 08,00 часот на територијата на Делчево ќе се спроведе авионско прскање против возрасни комарци.Прскањето ќе се врши со средство – широкопојасен инсектицид- еколошки препарат CICERON 2.ULV, одобрен од Бирото за лекови, а ќе го изврши лиценцирана фирма за авиоуслуги БОНИЕР ДООЕЛ Куманово, избрана по претходно спроведена тендерска постапка.Третирањето ќе се изврши на површина од 300 ha и тоа:– 200 ha (лево и десно по 100 метри од речното корито на Брегалница, централно градско подрачје до езеро Сандански.– 2×50 ha Старо Делчево, Таушанско Маало, Стрелиште и Ново Делчево, Милково Брдо, Басарица и нас. Пролет.За таа цел, се известуваат пчеларите во времето на третирањето, како и во период од 3 до 4 часа по прскањето, да ги затворат кошниците со пчели, заради можност од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден“, се вели во соопштението од Општина Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*