Во Негрево промовирани новите туристички содржини за авантуристички туризам во Малешевскиот регион

Промоцијата на новите туристички содржини за авантуристички туризам во Малешевскиот регион, кои се реализираат во рамките на Програмата за зачувување на природата, во соработка со Маунтин Експириенс, беше темата на настанот кој се одржа во Едукативниот Центар за зачувување на природата во с. Негрево. Целта на настанот беше промовирање на Малешевскиот регион како туристички атрактивна дестинација за активен туризам, преку пешачки и вело патеки. Во периодот од мај 2020 до јуни 2021 година , друштвото за услуги и констултанство во авантуристичкиот туризам, спроведе проектна задача за ставање во функција патеки за планински туризам, со вкупна должина од 250 км, при што во рамки на активностите изработен и промотивен материјал, кој вклучува туристичка топографска мапа, книга водич на три јазици и мобилна апликација за туристичките содржини, поврзани со патеките за планински туризам.

Во Малешевијата има многу производи  кои во пазарниот сегмент имаат вредност на посебност, што е од особена важност за обезбедување на соодветен економски развој преку партиципација на туризмот. Ова е констатацијата на Константин Циривири од Маунтин Експириенс кој во Едукативниот центар за зачувување на природата во пехчевското село Негрево ги претстави досегашните активности од проектот, кој има за цел да понуди еден поинаков концепт за креирање туристички содржини, како дел од целината „Малешевија – твојот дом на планина“.

-Денеска правиме промоција на туристичките содржини на сето тоа што е сработено во изминатиот период. Во основа активностите почиваат на мрежа од планински патеки со вкупна должина од 250 километри. На нив се надоградуват туристички производи во различна форма наменети за различни целни групи. Сметаме дека ова е еден нов концепт на креирање на авантуристички производи, нов не само во Малешевијата туку воопшто во земјата. Се надевам дека овој пример ќе го користат сите кои работат консултанство или реализација на програми за авантуристички производи како бенчмарк, како водилка како да имплементираме авантуристички туризам со меѓународни стандарди, при креирањето на содржините како и експлоатирање на производите, рече Циривири.

Развојот на туризмот според Циривири не треба да се мери преку бројот на посети бројот на ноќевања туку преку подбрувањето на животот во локалната заедница

-Во таа насока иако е ова мал проект се обидовме да ги вклучиме локалните луѓе во сите сегменти, планирање, реализација на терен, тури, како и изработката на студијата за развој на туризмот која во конечната форма некаде во септември ќе ја презентираме. Исто така вклучени се неколку локални експерти кои работат на полето на туризмот веќе подолго време и кои сметам дека можат да дадат значителен придонес не смо во туризмот во Малешевијата туку и во целата земја, додаде Циривири.

Во изминатиот период како што истакна Јасминка Пашалиска Андоновска преку Програмата за зачувување на природата реализирани се повеќе иницијативи во насока на развој на туризмот. 

-Во таа насока со општините Делчево и Берово реализиравме еден концепт за обележување на туристичките атракции, од аспект на природните убавини кои ги имаме, меѓутоа основавме и туристички инфо пунктови кои во следниот период треба да имаат поголема улога при промоција на регионот но и да работат на анимација на локалните чинители за да се вклопат во оваа туристичка приказна за Малешевијата, рече Пашалиска Андоновска.

Градоначалниците на двете општини Пехчево и Берово Драган Тренчовски и Звонко Пекевски кои присуствуваа на денешниот настан во Негрево, заеднички се сложија дека општините и понатаму ќе продолжат да развиваат и имплементираат голем број проекти кои се значајни за развој на туризмот во Малешевијата.

Изјавите на дел од учесниците во настанот погледнете ги во продолжение:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*